gogo

A+ R A-


Манчевски се сретна со кратовци, вети државна социјална пензија

Е-пошта Печати PDF

altПотпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски денеска беше помеѓу граѓаните на Кратово. Кратовци се интересираа за мерките од Програмата на СДСМ за подобрување на животниот стандард и на социјално загрозените граѓани, сиромашните и останатите ранливи групи.

-Имаме тим, имаме програма, знаеме како да ги промениме работите. Една од мерките во програмата е сите жени коишто ќе наполнат 62 години и сите мажи коишто ќе наполнат 64 години ќе добиваат државна социјална пензија. Оваа државна социјална пензија ќе биде во висина од 60% од просечната пензија. Оваа пензија ќе ја добијат сите без разлика дали работеле или не, рече Манчевски.

Во Кратово потпретседателот Манчевски се осврна и на актуелната политичка ситуација во земјава.

На следните фер и слободни избори граѓаните ќе одберат иднина за Македонија. Наша обврска е да ја вратиме државата на вистинскиот пат и таа обврска ќе ја исполниме, потенцираше Манчевски.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.