Североистокот на земјава станува се повлијателен во политиката, откако денеска проструи веста дека во новата Влада на премиерот Никола Груевски ќе се најдат имиња на министри од Кратово и Пробиштип. Неофицијално, според извори на Сител, на местото на досегашниот министер за

земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, доаѓа директорот на хидросистемот „Злетовица“, социјалистот Михаил Цветков. Исто така, многу е верајатно новиот пратеник и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, да седне во министерската фотеља на ресорот Одбрана, на местото на Талат Џафери.
Ако се оствари оваа комбинација, станува веројатно Министерството за образование и наука да го добие кадар на ДУИ, иако во игра е и Министерството за транспорт и врски. Ако се има предвид тврдиот став на ВМРО-ДПМНЕ за Министерството за образование, за верување е дека ДУИ, сепак, би го добил Министерството за труд и социјална политика.



















