gogo

A+ R A-


Миховил Шатев изрази интерес да ја купи родната куќа на дедо му Павел

Е-пошта Печати PDF

altВнукот на истакнатиот македонски револуционер и гемиџија, Павел Шатев, германскиот државјанин Миховил Михалевиќ Шатев, по посетата минатата недела на Кратово, Скопје, Штип и Велес, изрази интерес за родната куќа на неговиот дедо. Во неговата прва посета на Кратово, родната куќа на Павел Шатев му ја покажал неговиот водич, директорот на кратовскиот Музеј Драган Георгиевски. Миховил, кој со сопругата живее во Равенсбург (Германија) и е добро ситуиран ветеринарен лекар, веднаш дал финансиска понуда за куќата во која моментално никој не живее. Тој бил заинтересиран да ја купи и соседната куќа на револуционерот Јосиф Даскалов, која се наоѓа веднаш до црквата „Св.Јован Опсечен“ во Кратово и е во распадната состојба.
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.