Вандализам на изворот на Св.Петка во Кратово
пишува- Оливер Арсовски
Непознат сторител(и) ноќта помеѓу недела и понеделник извршил вандалски чин врз изворот на Св.Петка, кој се наоѓа на еден километар од градот, на излезот од Кратово кон планинските села. Настанот бил пријавен и во полиција, која трага по сторителот. Интересно е што вандалот немал намера нешто да украде или пак да однесе.
-Вандализмот што се случи ноќва не е на добро. Се работи за ѓаволски чин кој треба да се осуди. Целта на вандалот не била да украде нешто, туку да ги осквернави иконите на светињата - ни рече свештеникот Блаже Крстевски.
Ова е втор вандалски чин за неполни два месеци, откако пред извесно време беше осквернавен гробот на жена почината пред седум години.