gogo

A+ R A-


Министерот Димовски засади багреми во с.Туралево

Е-пошта Печати PDF

&;feature=g-upl

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во рамките на акцијата „Ден на дрвото“ засади дрвце на локалитетот Попова Глава во Кратово.

- Се надевам дека најголемиот дел од овие дрвца кои ги садиме денеска ќе се зафатат одлично и ќе придонесат за подобра иднина, изјави Димовски.

Тој изрази задоволство од масовноста на акцијата за која рече дека треба да доведе до поздрава и почиста животна околина.

Градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски посочи дека кратовци и годинава масовно се приклучуваат на акцијата „Ден на дрвото“. 

- Веќе десетти пат го правиме ова и среќен сум што и денеска сите граѓани решија да засадат дрво и на тој начин да инвестираат во сопствената иднина, рече градоначалникот Андоновски.

Граѓаните на Кратово во рамки на акцијата „Ден на дрвото“ која годинава се одвива под мотото „Спортски е да се сади“ во месноста Попова Глава, засадија 47 илјади садници багрем и чемпрес на површина од 13 хектари.

http://sitel.com.mk/ministerot-ljupcho-dimovski-zasadi-drvca-vo-kratovoalt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.