Иницијативата за формирање на локален младински совет на 27 јуни во 12 часот, во хотел „Кратис“ – Кратово организираше јавен настан „Младите се враќаат во игра!“. Настанот „Младите се враќаат во игра!“ е дел од проектот “Развој на локално младинско учество и локални младински политики ”, финансиран од страна на Европска Унија (Регионална ИПА програма), а е воден од Младински образовен форум (МОФ) и Центар за меѓукултурен дијалог (ЦИД). Една од 12те општини во кој овој проект се спроведува е и општина Кратово.
Јавниот настан „Младите се враќаат во игра!“ се состоеше од презентација на проектот “Развој на локално младинско учество и локални младински политики”, отворена панел дискусија во која учествува млади претсавници од локалната власт и граѓанскиот сектор во Кратово, по што следеше мала работилница во која беа презентирани бројните проблеми со кои се соочуваат младите од Кратово. Целта на овој настан беше да преку една отворена дискусија се промовира иницијативата за формирање на локален младински совет во Кратово. На настанот беа поканети и учествуваа повеќе од 50-мина млади луѓе од Кратово, меѓу кои и претставници од локалната самоуправа на општина Кратово и од граѓанскиот сектор.
Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (Регионална ИПА програма).



















