gogo

A+ R A-


Одбележан денот на лицата со посебни потреби

Е-пошта Печати PDF

Делегација од Општина Кратово, како и претставници од средното училиште „Митко Пенџуклиски“, денес беа во посета на штитениците во Дневниот центар за лица со попреченост, спроведувајќи активности во рамките на одбележување на нивниот ден со заедничка потреба за правата на квалитетно инклузивно образование и со еднакви права со правата на сите граѓани. Тие се запознаа со дневната агенда на штитениците во Центарот, како и со креативните изработки од нивните вредни раце.
Ученичката Ангела Марковска им подари на сите штитеници по една торба, инаку нејзин креативен продукт со кој се занимава повеќе од една година.
3-ти Декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби.

altalt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.