gogo

A+ R A-


Оглас за запишување ученици во прва година во СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово во учебната 2016/17 го

Е-пошта Печати PDF

Запишувањето на учениците се врши согласно условите и начинот утврдени со Законот за средно образование, Законот за стручно образование и обука и Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта од месец март 2016 година.

I. Во СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово во учебната 2016/2017 година ќе се запишат 136 ученици во 4 паралелки и тоа:

  1. Во гимназиско образование ќе запишат 68 ученици во две паралелки.
  2. Во стручно образование Хемиско – технолошка струка, прехранбен техничар со четиригодишно траење ќе се запишат 34 ученици во една паралелка.
  3. Во стручно образование Угостителско – туристичка струка, угостителски техничар за рурален туризам со четиригодишно траење ќе се запишат 34 ученици во една паралелка.

II. Услови за запишување на учениците се:

  • да има завршено основно образование;
  • да не се постари од 17 години;
  • да се определиле за Програмите од гимназиско или стручно образование;
  • да ги исполнуваат критериумите согласно огласот.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10 % (десет) проценти помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот.

III. Потребни документи за запишување

При пријавувањето учениците треба да ги поднесат следните документи:

  • пријава за запишување ученици во прва година која ја подигнуваат од училиштето (бесплатна);
  • оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на издавањето, оригинал или фотокопија заверена на нотар).

IV. Рокови за запишување

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока: Јунски и Августовски, со две пријавувања за јунскиот и едно пријавување за августовскиот уписен рок.

Првото пријавување и запишување во Јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 Јуни 2016 година, а резултати од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 Јуни 2016 година.

Квалификационото тестирање ќе се организира на 1 Јули 2016 година, а резултатите ќе се објават на 2 Јули 2016 година на огласна табла.

Второто пријавување и запишување на ученици ќе се врши на 4 Јули 2016 година, а резултати од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 Јули 2016 година.

Пријавувањето во Августовскиот уписен рок се врши на 24 Август 2016 година, а резултати од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 Август 2016 година.

https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f6/%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9A%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%BE_(1).jpg/1280px-%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9A%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%BE_(1).jpg

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.