Општинската изборна комисија официјално ги врачи уверенијата на Тодорче Николовски за прв мандат како градоначалник на Општина Кратово, како и на 15 нови членови на Советот.
„Самиот чин на добивање на уверение од Државната изборна комисија за избран градоначалник не те прави градоначалник, тоа е само функција, јас ќе бидам пред се човек со улога на градоначалник.
Уште на самиот почеток ви ветив дека ќе го имате најдобриот, најкомпетентниот, најпосветениот, најдостапниот, најодговорниот и најчесниот градоначаник кој ке ви биде другар партнер и поткрепа … сега официјално ве уверувам дека така и ќе биде.
Вработените во Општината и мнозинството во Советот ќе бидат сервис на странките и во служба на граѓаните, максимално заложени во насока на релизација на ветените проекти и спроведувањето на надлежностите на општината.
Никој не смее да си поигрува со сопствениот народ, без разлика на сталежна, родова, партиска, верска или друга припадност“, истакна новиот градоначалник Тодорче Николовски.
