Четири-пет кучиња напаѓаат кого стигнат, а десетина граѓани на Кратово минаа најлошо, со каснувања по телото, алармираат жителите кои живеат во на улицата „Јосиф Даскалов“ и во близина на Радин мост.
-Ова станува неподносливо. Се појавија од никаде, порано не сме ги виделе овие неколку кучиња. Преагресивни се, напаѓаат кого стигнат, а има и неколу искасани луѓе. Бараме заштита од институциите, надлежните служби нека преземат мерки пред да биде уште поголема штетата - велат револтираните кратовци.
Инаку, Кратово од поодамна се соочува со проблемот на бездомни кучиња, но тие никогаш не напаѓале луѓе. Дури кратовци им даваа храна и ги ранеа на градскиот плоштад. Но, според граѓаните од Чаир и Скопска маала, агресивните кучиња деновиве се дојдени од страна, затоа што никој не ги има видено порано.
Опасни кучиња испокасаа десеттина кратовци на улица „Јосиф Даскалов“ и Радин Мост
Најново
![]() | Денеска | 118 |
![]() | Вчера | 1423 |
![]() | Оваа недела | 3596 |
![]() | Минатата недела | 21858 |
![]() | Овој месец | 118 |
![]() | Минатиот месец | 151113 |
![]() | Вкупно | 21205167 |