Благодарение на донациите од хумани граѓани и одговорните институции, опожарениот дом на семејството Николовски од Кратово повторно ќе биде возобновен. Како што не информира Тања Николовска, општината Кратово ја набавила дрвената граѓа, роднини од Крива паланка набавиле керамиди, активистите на Црвениот крст (учении од гимназијата) собрале 6.000 денари, доволно да се покрие изгорената покривна конструкција на куќата. Да им посакаме што поскоро да ги обноват и внатрешните простории на домот за да можат повоторно да се вселат.




















