На 21-та Седница на Советот на општина Кратово, беше усвоен Извештајот за реализирани проекти на општина Кратово за 2014 год.
Реализирани проекти во 2014 ЕЛС - Кратово:
- Изградба на колекторски систем на речно корито на Кратовска река, вредност 87.841.165,оо денари, финансиран од Влада на РМ и Буџет на ЕЛС - Кратово.
- Реконструкција на школо во с.Туралево, вредност 5.000.000,оо денари, финансирано до Влада на РМ.
- Реконструкција на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово, вредност од 10.000.000,оо денари финансиран од Влада на РМ.
- Реконструкција на Мултимедијален центар (кино сала) 2-ра фаза, вредност 1.683.000,оо денари обезбедени преку Североисточниот плански регион, 500.000,оо денари од Буџет на ЕЛС Кратово.
- Изградба на таложник за сурова вода на м.в. Црни врв, вредност од 3.100.000,оо денари, финансиран преку Швајцарски секретаријат за економски прашања 2.500.000,оо денари и Буџет на општина Кратово 500.000,оо денари.
- Реконструкција на фудбалско игралиште „Мусала“ вредност од 12.000.000,оо денари финансиран преку Влада на РМ, Агенција за млади и спорт.
- Изградба на локален пат од с.Трновац до регионален пат Р1205, вредност 17.000.000,оо денари, финансиран од Влада на РМ - Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и Буцет на ЕЛС Кратово.
- Изградба на пат од село Туралево до Манастир Св.Петка Параскева, вредност од 5.000.000,оо денари, финансиран преку Влада на РМ - Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и Буџет на ЕЛС Кратово.
- Изградба на патен правец од с.Шопско Рударе до Манастир Петти кладенци, вредност од 11.000.000,оо денари, финансиран преку Влада на РМ - Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и Буџет на ЕЛС Кратово.
- Изградба на патен правец од с.Коњух до с.Бељаковце, вредност 50.000.000,оо денари, финансиран преку Влада на РМ.
- Изградба на патен правец од с.Вакав до с.Шопско Рударе, вредност 5.000.000,оо денари, финансиран преку Влада на РМ.
- Изградба на пат од с.Каврак спрема брана Злетовица, вредност 18.000.000,оо денари, финансиран преку Влада на РМ.
- Санирање на свлечиште на регионален патен правец Кратово-Пробиштип, вредност 59.000.000,оо денари, финансиран преку Влада на РМ -
Агенција за државни патишта на РМ. - Санирање на мост во Карши бавча и уредување на парк Карши бавча, вредност 28.700,оо денари од Буџет на ЕЛС Кратово.
- Поставување на бекатон плочи на ул. „Иван Андреев“, Кратово во вредност од 360.262,оо деенари од Буџет на ЕЛС Кратово.
- Поправка на коцки (прередување) на ул.„Јосиф Даскалов“, Кратово во вредност од 10.000,оо денари, Буџет на ЕЛС Кратово.
- Реновирање на просториите во ТППЕ Кратово и останати активности на проектот насловен како „Центар на заедницата“ во вредност од 150.000,оо денари финансиран од Буџет на ЕЛС Кратово и 200.000,оо денари од Мировен корпус.



















