gogo

A+ R A-


Општина Кратово објавува јавен оглас за Програмата Општинско - корисна работа

Е-пошта Печати PDF

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година, предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011 – 2015 година за програма „Промовирање на одржливи вработувања III и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за активни мерки на пазарот на труд за 2014",

Агенцијата за вработување на Република Македонија во соработка со Општина Кратово, објавува:

                                         ЈАВЕН ОГЛАСalt

За сите заинтересирани лица кои сакаат да се вклучат во Програмата ,,Општинско – корисна работа,,

Програмата ,,Општинско корисна работа,, се спроведува со поддршка од Владата на Република Македонија и UNDP.Оваа програма има за цел зајакнување на системот на социјална заштита со поголемо вклучување на капацитетите на општината и граѓаните со цел социјално вклучување  и  подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните.

Програмата ,,За посреќни граѓани,, како дел од програмата општинско – корисна работа има за цел рализација на следните активности:

1.Посета, помош и работа со лица со посебни потреби во домашни услови.

2.Посета и помош на стари лица во домашни услови.

Оваа програма нуди можност за социјално вклучување преку работно ангажирање на невработени лица со цел стекнување на нови знаења и вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот. Предност имаат лицата со статус на долгорочно – невработени лица или припаѓаат на ранливите категории на граѓани. Право на пријавување имаат сите невработени лица кои се активни баратели на работа во Центарот за вработување - Кратово.

Општина Кратово објавува оглас за работно ангажирање на шест лица за следните работни места :

-Давател на социјални услуги на лица со посебни потреби (2 лица);

-Давател на социјални услуги на стари лица (3 лица);

-Лице одговорно за изработка на Регистар на стари лица (1лице).

Избраните лица ќе потпишат договор за рабтен ангажман од 6 месеци со 20 работни часа неделно, со месечен надоместок од 6000 денари (со вклучен персонален данок и осигурување од повреда на работно место).

Исто така општина Кратово испраќа повик и до сите лица кои би можеле да ги користат услугите од програмата ,,Општинско корисна работа,,  и потребно е да припаѓаат на следните категории :

1.Лица со посебни потреби кои имаат наод и мислење од стручна комисија за утврдување на степеност на физичка или ментална попреченост и да не се опфатени од Дневниот центар.

2. Стари лица кои имаат наод и мислење од стручна комисија за потреба и помош од друго лице.

Огласот за невработени лица и крајни корисници е отворен од 14.05.2014 до 23.05.2014 година.

Пријавувањето на невработените лица се врши во Центарот за вработување во Кратово, секој работен ден од 08.30 – 16.30 часот. (контакт – телефон 031/ 481 105)

Пријавувањето на крајните корисници се врши во просториите на општина Кратово, кај одговорното лице, секој работен ден од 08- 16.00 часот. ( Контакт - телефон 031 481 202)

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.