gogo

A+ R A-


Организацијата на резервни офицери и Општина Кратово ќе пренаменат две руинирани школи

Е-пошта Печати PDF

Резервните офицери од Кратово ќе добијат планинарски дом во с.Емирица

пишува - Оливер Арсовски

Две руинирани и напуштени училишта во кратовско, на само неколку километри од браната "Злетовица", налето ќе бидат пренаменети во планинарски домови. Зад овој проект стои Организацијата на резервни офицери, која освен објектите во Кратово, наскоро ќе стопанисува и со слични објекти во резерватот "Јасен", во Велес и на други локации. Претседателот на ОРМ, проф Ѓорѓи Малковски и градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, потпишаа договор со кој во следните дваесет години со овие два објекта ќе стопанисува Организацијата на резервни офицери.

-Во план сме во најскоро време да ја започнеме реконструкцијата на опожареното училиште во с.Емирица кое треба да прерасне во планинарски дом кој, првенствено, ќе им служи на резервните офицери од Кратово за организирање обуки и дружење. Близината на вештачкото езеро ќе биде одлична мамка и за туристите и планинарите да престојуваат во овој дом - изјави Малковски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.