Викендов ловџиите од Кратово имаа богат улов, кој во попладневните часови беше изложен на градскиот плоштад за сите љубопитни граѓани да можат одблизу да го видат. Хајката во Шопско Рударе завршила со отстрел на два волка, од кои едниот не успеале да го пронајдат.
Вчера и жителите на Туралево се пожалија дека волци во вечерните часови се шетале на селското игралиште, плашејќи ги децата.




















