Над осум илјади жители на Општина Кратово од денеска ќе пазаруваат во новотворениот зелен пазар во центарот на градот. Пазарот свечено го отворија градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, и претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Љубисав Иванов – Ѕинго. На свеченоста присуствуваа министри, пратеници, градоначалници и локално население.
-Финансиската конструкција за изградба на овој пазар е околу 25 милиони денари. Средствата се обезбедени преку Министерството за финансии, кое овозможи Општина Кратово да земе кредит од Светска банка. Реализацијата на проектот траеше една година и овозможи одлични услови и за продавачите кои ќе го користат пазарот, но и за купувачите – истакна Мите Андоновски, градоначалник на Кратово.
Пазарот се простира на површина од 2.000 квадратни метри со 125 тезги на кои ќе се продаваат земјоделски производи, а има и дел наменет за продажба на текстил. Објектот е од затворен тип, ќе работи во петок и сабота, со обезбеден простор од 500 квадратни метри за паркирање.
Новиот пазар предизвика големо задоволство кај продавачите, но и кај муштериите.
-Задоволен сум од условите што ги нуди новиот пазар и мислам дека имаме еден од најубавите пазари во земјава – ни рече еден долгогодишен пазарџија. Â Â Â О.А.
фото – Оливер Арсовски
Отворен нов пазар во Кратово вреден 25 милиони денари (ВИДЕО)
Најново
![]() | Денеска | 118 |
![]() | Вчера | 3027 |
![]() | Оваа недела | 118 |
![]() | Минатата недела | 22394 |
![]() | Овој месец | 48402 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20966411 |