Денеска со работа стартуваше нова домашна инвестиција во Кратово, која донесе вработување за 56 претежно млади луѓе од кратовската општина. Кумановската конфекција „Босут“ отвори погон во новоизградениот објект на младиот претприемач Горјан Бошковски, во непосредна близина на градскиот стадион во Кратово. Во супермодерен погон, со современа германска технологија на производство, конфекцијата „Босут“ ќе произведува работни униформи за германскиот пазар.
Сопственикот на компанијата „Босут“, Драги Стефановски, истакна дека е задоволен што бизнисот по Куманово и Ранковце, го шири и во Кратово.
-Се надевам дека со оваа наша инвестиција ќе придонесеме за развојот на општината Кратово, за намалување на невработеноста и подигање на стандардот на граѓаните. Почнуваме со 56 вработувања, со надеж дека во блиска иднина ќе ја зголемиме бројката - истакна Стефановски, пред свеченото сечење на лентата.
На свеченоста присуствуваа градоначалникот Мите Андоновски, претставници од локалната самоуправа, гости од Германија и деловни соработници. Оливер Арсовски
фотогалерија - https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10154584643498957.1073741956.155289693956&;type=3&uploaded=24




















