gogo

A+ R A-


Падна обвинителниот акт против дедо Љубе, се враќа во фаза на истрага

Е-пошта Печати PDF
Кумановското јавно обвинителство ќе мора да изготви нов обвинителен акт против 75-годишниот Љубомир Митев, познат во јавноста како дедо Љубе, откако кривичниот совет во кумановскиот Основен суд ги прифати приговорите на адвокатскиот тим на Митев и го врати предметот во фаза на истрага.
altОбвинителниот акт во кој дедо Љубе се товареше за убиство, обид за убиство и недозволено држење на оружје сега веќе не постои, а обвинителството и одбраната забрзано собираат докази кои ќе ги искористат во судскиот процес.
Апелацискиот суд ја потврди осумгодишната затворска казна за Борче Иванов , еден од двајцата разбојници кои влегоа во куќата на дедо Љубе и го нападнаа него и неговата сопруга. 
Иванов во својата одбрана тврдеше дека не станува збор за грабеж, туку за наплата на долг и дека тој се нашол случајно на местото. 
Суровото разбојништво се случи на 27 февруари 2013 година кога Иванов и Златанов упаднаа во трошната куќа на дедо Љубе во планинското село Којково за да го ограбат.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.