gogo

A+ R A-


Паркот „Карши бавча“ во Кратово во ново руво

Е-пошта Печати PDF

altМлади волонтери од средното училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово спроведоа акција за разубавување на рекреативното катче во паркот „Карши бавча“. Овој мал амфитеатар изграден пред 7-8 години беше запуштен и не служеше на намената за која беше изграден. Благодарение на учениците, дрвениот мост и седиштата во амфитеатарот беа бојадисани, а локалитетот исчистен од насобраниот отпад.
- Акцијата ја спроведовме под мотото „Волонтерство во боја“, а во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско општество. Волонтерите се дел од младинските клубови на МОФ и често спроведуваат вакви и слични акции. Одбравме амфитеатарот и мостот да ги обоиме во боите на македонското знаме. Овој мал парк и идален за одржување на мали културни настани и за дружење на младите кратовци – истакна Јасмина Давитковска, координатор на акцијата.alt

Акцијата „Волонтерство во бои“ е иницијатива на група млади луѓе кои учествуваа во Школата за активно граѓанство како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.