По кусо боледување, пред неколку дена почина Раде Граматиков, истакнат стопанственик и општествен деец кој многу го задолжил родното Кратово. Роден е на 1 мај 1932 година, во семејството на Милица и Атанас Граматикови, во непосредна близина на црквата „Свети Јован Крстител“. Основно образование завршил во родното Кртово, а средно економско и Економски факултет во Скопје. Како еден од првите економисти во градот, назначен е за прв генерален директор на фабриката за брусеви „Иднина Кратово“ и десет години раководесе со неа.
Патот го носи во Скопје на раководна функција во Тутунскиот комбинат, а потоа премина во Стопанска банка, каде секогаш се залагал за реализација на кредитирање на проекти во Кратово. Во својата кариера секогаш важел за совесен, благороден, честит човек со големо срце.
Беше сопруг на Марионка Граматикова, професор во кратовската гимназија и татко на синовите Роберт и Атанас.


Почина Раде Граматиков, првиот директор на „Иднина Кратово“
Најново

![]() | Денеска | 5079 |
![]() | Вчера | 3833 |
![]() | Оваа недела | 13852 |
![]() | Минатата недела | 25319 |
![]() | Овој месец | 88653 |
![]() | Минатиот месец | 93605 |
![]() | Вкупно | 22584745 |


















