gogo

A+ R A-


Полскиот амбасадор во посета на Кратово

Е-пошта Печати PDF

Амбасадорот на Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски, оствари работна посета на Општината Кратово, каде се сретна со градоначалникот Мите Андоновски.На средбата стана збор за приоритетните активности и проекти кои ги презема Општина Кратово за подобрување на животот на граѓаните, а беа презентирани и можностите за инвестирање, поточно потенцијалите, ресурсите и капацитетите со кои располага општината.
-Со амбасадорот Мултановски разговаравме за изнаоѓање на некоја општина во Полска, слична на нашата, за да воспоставиме односи. Целта ни е да се зближиме и збратимиме, за да ја запознаеме подобро полската традиција, култура и обичаи – истакна градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски.
Амбасадорот Мултановски се интересираше за туристичките потенцијали на Кратово, со акцент на привлекување на полски туристи. Тој е редовен гостин на традиционалната Шопска свадба, а често го посетува и Кратово како место во кое се вљубил и за кое истакна дека е есенција на Балканот. За време на посетата беше разговарано и за можностите за идна соработка на економски и културен план.  Оливер Арсовски

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.