gogo

A+ R A-


Поплочено сокачето познато по „шинати“ нозе

Е-пошта Печати PDF

Тесното, кусо и темно сокаче кое ги поврзуваше трите згради кај ЕВН и кратовската болница и осмолетка, дочека да биде поплочено. Со средства од општинскиот буџет деновиве беа поставени асфалтни плочи во должина од 30-тина метри, со што овој сокак го загуби епитетот на сокаче во кое многу жители на Кратово „шинале“ нога, „набиле“ колк или, пак, скршиле штикла. За да биде комплетно задоволството, останува градските власти да постават барем една улична светилка на мостот за безбедно движење во ноќните часови.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.