Големото невреме и поројниот дожд кој 36 часа непрекинато паѓаше во Кратово предизвика големи материјални штети. Денес точно на пладне, во Ромската населба во Кратово се урна потпорен ѕид и целосно го уништи домот на семејството Мустафови. Ѕидот со должина од четири метри не успеа да го издржи притисокот од надојдената вода и падна врз скромната куќа на Мустафови, уништувајќи се што било вредно во неа. Во куќата живееле шест членови, од кои две деца.
-За среќа, избегната е поголема несреќа, затоа што во домот била само бабата , која поминала со телесни повреди и нагмечувања, но е надвор од животна опасност. Децата не биле дома и избегнале најлошо. Уништено е се, од телевизор и фрижидер, па се до покуќнина. На семејството му е потребна итна помош, затоа што нивниот дом е целосно уништен. Се надевам дека хуманите луѓе ќе помогнат со донации за да ја ублажиме болката на Мустафови – ни рече Мухамед Мемедов, близок пријател на Мустафови.
Веднаш по несреќата, на лице место излегоа претставници на општината и градоначалникот Мите Андоновски, со ветување дека ќе помогнат во рамките на можностите. О.А.
Потпорен ѕид се урна врз куќа во Кратово
Најново

![]() | Денеска | 491 |
![]() | Вчера | 5128 |
![]() | Оваа недела | 14392 |
![]() | Минатата недела | 25319 |
![]() | Овој месец | 89193 |
![]() | Минатиот месец | 93605 |
![]() | Вкупно | 22585285 |


















