gogo

A+ R A-


Повелете на „Шопска свадба“ - недела во 11 часот во Куклица

Е-пошта Печати PDF

Во организација на Здружението за уметност, култура и заштита на културно наследство ,,ЕТНО РИЗНИЦА,, од Куманово, утре (недела) ќе се одржи културната манифестација „Шопска свадба 2015“.
Место на одржување на свадбата ќе биде локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, Кратовско.

 alt-Очекувам граѓаните на Кратово и на околните села, но и туристи од земјава и странство да пристигнат во поголем број и да ја омасоват манифестацијата, а со тоа да учествуваат во зачувување на обичаите, традицијата и наследството од претходните генерации. Да бидеме дел од возобновувањето на старата традиција на одржување на свадби, карактеристичен за овој регион, - вели организаторот Драган Митевски од Куманово, кој потекнува од криворечието.
За сите гости ќе биде обезбеден ручек приготвен по стари свадбарски обичаи и рецепти од овој крај, зачинети со гајдата, кавалот, и распеаните грла на човекот од овој крај кој знае да ја почитува убавата македонска песна.
Свадбата ќе се одржи на 18 Октомври (Недела) 2015 година со почеток во 11 часот. Организаторот обезбеди и бесплатен превоз од автобуската станица во Кратово. Тргнувањето од Кратово е во 10 часот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.