Само 10 дена откако ја доби златната плакета за најдобар рудар, кратовчанецот И.К. вчеравечер заврши во скопската Клиничка болница. Скршеницата на левата потколеница, е причината зошто 38 годишниот рудар, од една од јамите на пробиштипскиот рудник за олово и цинк Индо Минерали и метали, заврши на ортопедија.
Несреќата се случила во момент кога рударот испочитувајќи ја стандардната процедура за претходна проверка на камените блокови за бушење, ненадејно еден од нив со поголем габарит се откинал и му паднал врз левата нога.
Веднаш реагирале колегите и со возило на рудникот го однеле во пробиштипскиот Здравствен дом. Поради сериозноста на повредата, повредениот рудар е донесен на Ортопедија во штипската Клиничка болница.
Како што велат денеска од штипската Клиничка, поради дефект на рендген апаратот, неопходен за итно потребниот оперативен зафат што требало да му се изврши на рударот за да се вгради инплант во пределот на левата потколеница, е причината зошто И.К. итно е транспортиран во скопската Клиничка болница, каде е опериран и се наоѓа вон животна опасност.
- Ова е втора несреќа со посериозни повреди на рудар за оваа година, информира денеска за Канал пет, Републичкиот рударски инспектор Драган Димитровски. За деветте месеци од оваа година,за разлика од минатите, црната хроника за македонските рудници не бележи човечки жртви, дополни Димитровски.
Претставници на Републичкиот рударски инспекторат за утре најавија детална истрага. Денеска јамата каде се случи несреќата е затворена.



















