
Следејќи го трендот на модерните политичари кои во секое време се достапни на граѓаните, а не само во предизборната кампања, во Кратово е отворена Граѓанска канцеларија за контакт со граѓаните на пратеникот Марјанчо Колевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Канцеларијата е отворена секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот и сабота од 11:00 часот во зградата на Општина Кратово.
Пратеникот Марјанчо Колевски двапати беше избран за пратеник во македонското собрание.



















