altВо прво читање денеска во собранието беше прифатен Предлог-законот за прогласување на старото градско јадро во Кратово за културно наследство од особено значење, пренесува порталот http://provereno.mk/.

- Автохтониот, духовен и културен развој на Кратово имал влијание врз повеќе сегме.нти во овој град. Сите вредности кој ги поседува градот како историските, архитектонските, историските, уметничките и социолошките карактеристики го прават Кратово еден од најзначајните споменици на културата, посочи заменик-министерот за култура Драган Неделковиќ.

Законот содржи одредби со кои е утврден специфичен режим на заштита на споменичката целина со цел е да се спречи неговото оштетување или уништување.