gogo

A+ R A-


Премиерот Груевски го посети Кратово

Е-пошта Печати PDF

Груевски означи старт на три проекти во Кратово

пишува: Оливер Арсовски

Премиерот Никола Груевски денес оствари работна посета на нашиот град и во присуство на голем број граѓани означи старт

на три проекти во Општината.

Пред повеќе од 300 граѓани одржа говор во кој ги повтори заложбите на Владата да вложува во развојот на нашата општина. Следуваше сечење на лентата со што го пушти во употреба резервоарот за вода изграден во близина на основното училиште со кој ќе се решат дел од проблемите во водоснабдувањето. Околу 14 часот беше отворено и бесплатното интернет-кафе во центарот на градот.

- Ова е 20-татата општина, а ни преостануваат уште 10 бесплатни интернет клубови во наредните неколку месеци, така што во 30 општини, населени места, граѓаните ќе можат да користат компјутер, бесплатен интернет, рече Груевски.

Во општина Кратово премиерот и директорката на Агенцијата за регионални и локални патишта Наташа Волкановска го означија и почетокот на изградбата на локалните патишта од Кратово до селото Железница во должина од 2, 5 километри и од селото Шопска Маала до Шопско Рударе во должина од 6,5 километри. На настанот присуствуваше градоначалникот и преседателот на општинскиот совет, Мите Андоновски и Митко Шатев, пратениците во македонското Собрание, Марјанчо Колевски и Љубисав Иванов - Ѕинго, министерот Иво Ивановски и заменик-министерот Мирјана Секуловска и други видни личности.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.