gogo

A+ R A-


Претседателот Иванов порача од Кратово дека на политичката криза мора да и се стави крај

Е-пошта Печати PDF

altДенешната посета на Кратово, на денот кога кратовци го чествуваат заштитникот на градот, светецот Свети Ѓорѓи Кратовски, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, го искористи да ја прокоментира актуелната политичка ситуација. Според него, на кризата конечно мора да и се стави крај, доколку сакаме земјава да продолжи да чекори на патот на евроинтеграциите.
-Конечно треба да се стави крај на политичката криза, за да имаме влада со целосен политички легитимитет и институции кои ќе можат да се справат со безбедносните предизвици кои ја очекуваат Република Македонија, порача претседателот Ѓорге Иванов, запрашан за став околу политичката криза и вчерашниот договор кој го постигнаа лидерите на политичките партии.

Претседателот Иванов, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Кратово, изрази незадоволство од, како што рече, неодговорното однесување на поединци и политички партии кои само ја усложнуваат состојбата во Македонија, како и од нивното отсуство на чувство за државност во моменти кога како држава, регион, па и Европа, се соочуваме со бегалска и мигрантска криза.

- Се соочуваме со бегалска и мигрантска криза која носи безбедносни ризици и недозволиво е такво однесување на тие што се нафатиле да бидат во политика. Политиката бара и одговорно однесување на секој поединец и на секој што е вклучен во носењето одлуки од интерес за сите граѓани, изјави македонскиот претседател и додаде дека граѓаните не можат да бидат заложници на нечии фрустрации и на деструктивно однесување.

Македонскиот претседател предупреди дека не очекува уште поголем бран на бегалци и дека е неопходно институциите да се посветат на справување со безбедносните предизвици и да нудат решенија, а не дополнително да ги комплицираат состојбите.
- Нашите институции наместо да се преокупирани со тие безбедносни ризици и прашања, ние се трошиме во меѓусебни расправии, деструктивно однесување и дури, дозволете ми да кажам, гнасно однесување на поединци кои го злоупотребуваат она што им го дале граѓаните и ги избрале на функции, изјави претседателот Иванов.

Иванов порача дека политичката криза во државата негативно влијае не само на граѓаните и на меѓучовечките односи, туку и на стопанството и на бизнис климата. О.А.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.