gogo

A+ R A-


Презентиран планот за управување со отпад во Североисточниот плански регион (ВИДЕО)

Е-пошта Печати PDF

Денес во Кратово беше презентиран нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за регионалниот план за управување со отпад во Североисточниот плански регион. Тим лидерот на проектот, Теофанис Лолос, пред претставниците на локалната самоуправа на Кратово, Ранковце и Крива Паланка го претстави планот за одржливо управување со отпад.
Планот предвидува санација или затворање на постоечките депонии, модели на собирање и рециклирање на отпадот, како и намалување на влијанието на отпадот врз животната средина и здравјето на луѓето.
alt-Граѓаните секако ќе имаат директен бенефит затоа што регионалниот план за управување со отпад најпрво ќе придонесе за подобрување на состојбата со животната средина, која директно и индиректно влијае врз здравјето на населението. Бенефиции ќе има преку директно вработување на локалното население, а сценаријата во планот отвараат можности за домашно компостирање на отпадот – вели Јулијана Никова, консултант за животна средина.
Осумдесет проценти од средствата потребни за реализација на проектите ќе ги обезбеди Европската унија преку ИПА фондовите. Останатите дваесет проценти ќе паднат на товар на општините и Владата.   Оливер Арсовски


Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.