gogo

A+ R A-


Пријавете се за попишувачи за претстојниот попис

Е-пошта Печати PDF

Конкурс за 33 Македонци и 33 Роми за попишувачи

За потребите на пописот на население кој ќе се спроведе од 1 до 15 април 2011, распишан е конкурс за реонски пописни инструктори и попишувачи. За нашата Општина се предвидени 33 попишувачи Македонци и 33 попишувачи Роми. Конкурсот е веќе објавен, а пријавувањето веќе тече.

Како ќе се избираат попишувачите и реонските инструктори што ќе бидат ангажирани за Пописот?
- Во согласност со Законот за Пописот во 2011 година, половина од вкупниот број реонски инструктори се именуваат од редот на вработените во државната, општинската и од администрацијата на Град Скопје, како и од јавната администрација, со завршено високо образование, по случаен избор.
Другата половина од вкупниот број потребни реонски инструктори се именуваат по спроведен јавен конкурс ако ги исполнуваат следниве услови:

  • да се државјани на Република Македонија;
  • да се полнолетени;
  • да се со завршено високо образование и
  • да немаат засновано работен однос.

Половина од вкупниот број потребни реонски попишувачи се именува од редот на вработените во државната, општинската и од администрацијатата на Град Скопје, како и од јавната администрација, со завршено најмалку четиригодишно средно образование, по случаен избор.
Другата половина од вкупниот број потребни реонски попишувачи се именуваат по спроведен јавен конкурс ако ги исполнуваат следниве услови:

  • да се државјани на Република Македонија;
  • да се полнолетни;
  • да се со завршено средно образование и
  • да немаат засновано работен однос.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.