gogo

A+ R A-


Прославен празникот Водици

Е-пошта Печати PDF

Тони Ташев го фати крстот во Кратово

пишува - Оливер Арсовски

Водите во градскиот базен во Кратово и годинава се осветија, преку традиционалниот религиозен чин на фрлање на Светиот крст, со кој на денешниот ден - Богојавление-Водици се слави крштевањето на синот Божји- Исус Христос во реката Јордан. Граѓаните побрзаа да се измијат и да наполнат за дома од осветената вода.
Годинава милоста Божја да го фати крстот ја имаше Тони Ташев. Традиционално од Општината доби подарок ТВ Фуего 82 цм, а наградата му ја врачи градоначалникот Мите Андоновски.
Тој што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го прати среќа и бериќет. Со ваквиот начин на чествување на религиозниот празник Богојавление-Водици, се покажува чест кон крштевањето на синот Божји, Исус Христос, кој од прв ден Божиќ до сега , бил некрстен и затоа овие денови се познати како некрстени денови и кога ѓаволот бил посилен од еднородецот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.