Кратово доби детски забавен парк
пишува - Оливер Арсовски
 Детското игралиште претставува проект кој е реализиран од страна на ЗГ  "Регионален центар за одржлив развој" Кратово, а финански е поддржан од  Мировниот Корпус.
 Истиот е составен дел од проектна  активност насочена кон реконструкција на спортското игралиште во рамките  на ОУ „Кочо Рацин“, за чија реализација своја логистичка и финансиска  поддршка обезбедија Општина Кратово, ЗГ РОМА, ЗГ „Регионален центар за  одржлив развој“ и волонтерите на Мировен Корпус. 
 Голема заслуга за реализацијата на овој проект имаат волонтерите од НВО „Bauorden“ Германија, кои  освен со финансиско учество, придонесоа и со свој личен труд во  реконструкција на игралиштето. Висината на целокупниот проект изнесува 260.476 ден, или нешто повеќе од 4.000 евра.
 „Целта  која сакаме да ја постигнеме преку ваквата активност е со обезбедување  на вакво детско катче да им овозможиме на најмладите преку забава и  дружба правилен психосоцијален развој, и преку забавен начин поголема  социјализација на постарите, оттргнувајќи ги од  грижите на  секојдневното живеење“, ни рече волонтерката Јорданка Шапкалиска.



















