gogo

A+ R A-


Рекреативно и рехабилитационо летување за лицата со попреченост од Кратово

Е-пошта Печати PDF

Дневниот Центар за лица со ментална или телесна попреченост – Кратово се заблагодарува за соработката на Здружението на лица со церебрална парализа – Велес и Здружението на родители на лица со церебрална парализа – Кратово со чија помош се организираа активности за рекреативно и рехабилитационо летување на корисниците од Дневниот центар. Овие активности се реализираа во партнерство со невладината организација ‘Хуманитарна фамилија’’ од Р. Црна Гора.

     altРекреативната рехабилитација ке се одвива во два наврати во месеците Јуни и Септември во времетраење од 10дена и покрај другите планирани активности ке бидат посетени градовите Бар , Будва, Херцег Нови, Дубровник и Острошкиот манастир. Во јунскиот термин ке летуваат дваица корисници од Дневниот центар , нивното патување е финансиски помогнато од локални донатори и пријатели на Дневниот центар.

     Реализацијата на оваа активност е од големо значење за лицата со попреченост, пред се влијае на подобрување на нивното здравје и социјализација и интеграција во општественото живеење , како и запознавање и создавање пријателства со лица кои доаѓаат од Босна и Херцеговина , Србија и Црна Гора.

     Уште еднаш се заблагодаруваме на сите наши партнери кои ги помогнаа нашите активности за реализација на ова рекреативно и рехабилитационо летување и упатуваме повик за поголема заинтересираност во септемврискиот термин и од лицата со попреченост од нашата општина кои не се корисници на Дневниот Центар.

     Воедно ги повикуваме нашите сограѓани кои во своето семејство имаат лице со попреченост да почнат да ги користат услугите на Дневниот центар, бидејки установата постои за нив, давање стручна помош на ваквите лица и нивните семејства и подобрување на квалитетот на нивниот живот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.