gogo

A+ R A-


Резервните офицери од Кратово чествуваа со претседателот Иванов

Е-пошта Печати PDF

Две децении од преземањето на првата караула

Со свечено постројување на некогашниот Одред на Територијалната одбрана „Козјак“ од Крива Паланка, а во присуство на претседателот Ѓорге Иванов и началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески, на караулата „Рамна Нива“ на македонско-бугарската граница беше одбележана 20-годишнината од преземањето на граничната линија од некогашната ЈНА. На овој настан присуствуваше и делегација на резервните офицери од Кратово предводена од претседателот на општинаската организација Тони Ивановски.

Утрото на 11 март 1992 година територијалците од Крива Паланка, поделени во три единици, ги презедоа караулите „Рамна Нива“, „Деве Баир“ и „Коприва“ од некогашната ЈНА. Тогаш првпат на караулата „Рамна Нива“ се развиори македонското знаме, кое го подигна Драги Митовски, војник на Територијалната одбрана, а караулата ја прими постариот водник Сонко Ангеловски.

„Со одбележувањето на она што се случи пред 20 години, симболично им оддаваме благодарност на сите војници и старешини, како и на државното раководство и на раководството на Армијата што го почнаа она што значеше одбележување на границата на суверена и независна Република Македонија“, изјави претседателот Ѓорге Иванов по свеченоста.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.