Македонските рударски компании и лани во рестриктивните услови на стопанисување остварија солидни резултати. Најсупешните три друштва во источна Македонија се рударските компании кои заедно остварија речиси 150 милиони евра приходи од продажба и профит од 41,6 милиони евра.
Пробиштипско-кривопаланечките рудници БулМак (поранешни „Рудници Злетово“ и“Тораница“) лани од продажба оствари приход во износ од 24,6 милиони евра што е на исто ниво како и претходната година. Добивката од работењето лани, за сопственикот „Минстрој Холдинг“ изнесува 3,9 милиони евра и е за 28 отсто помала од 2019 година.
Радовишкиот гигант „Бучим“ оствари профит од 13,3 милиони евра, а најдобри резултати имаше рудникот „Саса“ со добивка од 24,4 милиони евра.
Рудниците „Злетово“ и „Тораница“ ја завршија претходната година со добивка од близу 4 милиони евра
Најново
![]() | Денеска | 8023 |
![]() | Вчера | 2582 |
![]() | Оваа недела | 16753 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 8023 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20926032 |