gogo

A+ R A-


Самохрана мајка од Кратово бара помош за да си ги врати децата од дом за деца без родители

Е-пошта Печати PDF

alt-Мамо, те молам не си оди, поседи со мене уште малку – биле зборовите на шест годишната Моника, кои што при секоја средба во домот за деца ,,11 Октомври’’ во Скопје и ги кажувала на својата мајка Драгица. Освен Моника, во домот е сместен и Христијан, нејзниот четиринаесет годишен син, но тој сакајќи да покаже дека е силен и доволно возрасен, ги криел солзите и емоциите при разделбите.

До Драгица Јованова, четириест и две годишна мајка од Кратово дојдовме лесно. Нејзиниот оглас кој што веќе со месеци се објавува секојдневно во еден дневен весник е тешко да не се забележи.

,,Самохрана мајка на две деца бара дом! Барам сама жена или семејство кои се без деца, за да можам да бидам сместена кај вас, да можам да побарам работа и да можам да си ги вдомам децата. Домот го барам во Скопје или околните населби, работа барам како чистачка или садомијачка’’ – напишала таа.

alt

,,Животот ми е пекол. Можат да ме разберат мајките кои што морале да се разделат од своите деца, оти поголема тага од таа нема. Живеам во Кратово со мајка ми, немаме никакви услови. Еден период бев и бездомничка, имав здравствени проблеми… Син ми Христијан го дадов во дом кога имаше пет години, не можев да заработам доволно за живот, бевме гладни, немавме кров над глава. Татко му не сакаше да се грижи за нас, си замина и не се сврте ниту по детето, ниту по мене. Пред шест години во вонбрачна врска ја родив и Моника. Се мачев долг период да и обезбедам нормален живот, но пред една година се разболев, имав психички проблеми. Не можев да се грижам повеќе за неа и ја однесов во домот кај брат и. Не ме прашувајте како се разделивме. Не ме прашувајте како реагираше ќерка ми… Што и кажав, што и ветив… Нејзниот плач – Мамо, мамо не оди, не ме оставај… Многу ми е тешко да зборам за тоа’’ – раскажува Драгица.

целата сторија на следниот линк
http://fokus.mk/potresna-prikazna-na-majka-od-kratovo-koja-shto-gi-ostavila-detsata-vo-dom-mamo-ne-odi-posedi-so-mene-ushte-malku/

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.