gogo

A+ R A-


Саше Политико претепан со палки пред својот дом

Е-пошта Печати PDF
http://brif.mk/wp-content/uploads/2013/12/sase_ivanovski_1.jpgСиноќа две маскирани лица кои носеле палки го нападнале сопственикот на порталот Мактел, Саше Ивановски - Политико, точно пред зградата каде живее во скопската населба Кисела Вода. Саше Ивановски - Политико, познат како критички новинар, вечерва пред својот влез бил нападнат од страна на две маскирани лица кои со себе носеле палки.

Околу 21:30 часот тој тргнал кон својот автомобил, кој бил паркиран пред зградата во која што живее, при што бил пресретнат од двете маскирани лица кои го нападнале со удари во главата и при што се здобил со повеќе телесни повреди во пределот на главата.  По нападот веднаш била повикана и итна медицинска помош која се упатила кон Градската болница во Скопје, каде моментално се наоѓа Политико и каде се утврдува тежината на неговите повреди.
Настанот бил пријавен во полиција, а новинарот го потврдил инцидентот. Тој за порталот Плусинфо изјавил дека во периодот од последните два дена имал сомнителни телефонски јавувања, а мотивите за нападот засега не му биле познати. Како што изјави Ивановски, тоа биле "2-те најдолги минути во неговиот живот".

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.