На семејството Трендафилови од кочанското село Оризари им се случува огромна трагедија, која неодамна им го одзеде двегодишниот Андреј по уривањето на таванот во собата во која живеат. Ладната зима и гладот се закануваат да им ги одземат и другите две дечиња, кои деновиве едвај преживуваат без струја, огрев и речиси без храна.
Порталот АБЕРЏИЈА ги повикува хуманите граѓани, во овие денови кога се слават големите христијански празници, да донираат средства на следната сметка:
210700000629181 Тутунска банка
Семејство Трендафилови од село Оризари
Приказната за семејството Трендафилови можете во целост да ја прочитате на следниот линк:
http://www.telegraf.mk/aktuelno/335398-domot-im-se-raspagja-na-nova-godina-im-zagina-bratceto-se-bara-pomos-za-drugite-dve-deca




















