gogo

A+ R A-


Семејството Мустафови од Кратово моли за помош (ВИДЕО)

Е-пошта Печати PDF

Шестчленото семејство Мустафови го затекнавме во нивниот дом во Кратово. Пожарот кој неодамна го пеплоса нивното трошно куќарче воопшто не оставил негативни последици врз лицата на шестгодишниот Дејар и тригодишната Нихана. Не пречекаа со насмевка на лицата, среќни што некој се сетил на нив и им однел храна, облека и играчки.
Најмалиот член на семејството Мустафови, шестмесечната Нериман ја затекнавме болна, со висока температура. Мајката Емрана се пожали дека сите дечиња се болникави бидејќи немаат влезна врата, а ноќите во Кратово знат да бидат доста свежи.
-Немаме фрижидер, машина за перење, а немаме ниту влезна врата и покрив над собата во која живееме. Им благодарам на сите што досега ни помогнаа – вели Емран Мустафова, мајка на четири дечиња.
Одбележувајќи ја неделата на солидарноста, Форумот на жени на СПМ и младинската организација од Кратово донираа храна, облека и хигиенски средства на семејството Мустафови. Притоа, упатија апел до сите граѓани да се вклучат во акцијата.
-Спроведувајќи ја политиката на Социјалистичката партија на Македонија, обезбедивме донација за семејството Мустафови која се состои од храна, облека и хигиенски средства. Би сакала да упатам апел до сите граѓани да ни се приклучат во акцијата за да обезбедиме нормални услови за живот на ова ромско семејство – истакна Гордана Накова од Форумот на жени на СПМ.
Топлото лето ќе им донесе на Дејар и Нихана среќни детски денови, а хуманоста на граѓаните, се надеваме, ќе им донесе покрив над домот и влезна врата пред дождливите и студени есенски денови.   Оливер Арсовски

ФОТОГАЛЕРИЈА   https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10153982135833957.1073741919.155289693956&;type=3&uploaded=10

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.