Штипјанецот Ванчо Коцевски, кој четириесеттина години живее во Швајцарија, деновиве специјално допатува во родната земја за да донесе донација за деветгодишната Биле Пешевска, детето кое неодамна беше оперирана од тумор на мозок. Заедно со својот внук Влатко Коцев, инаку поранешен фудбалер на Силекс, и својата мајка беа гости во домот на Пешевски, за да се запознаат со уловите во кои живеат, инетресирајќи се за здравјето на Биле. Веќе следниот ден Ванче со комби донесе нов електричен шпорет, маси и столици, осветлувачки тела и многу облека. Се вкупно, Ванче одвои над 500 евра од својот буџет за да даде добар пример и за другите луѓе дека треба да се биде хуман и да се помогне на немоќните во миговите кога им е најтешко.
Инаку, Биле Пешевска денес замина на терапија, односно ја доби првата тераписка доза зрачење кај доктор Игор Стојковски. Ние и посакуваме добро здравје и среќно детство.
Штипјанец од Швајцарија донираше пари и покуќнина за семејството на Биле Пешевска
Најново
![]() | Денеска | 2944 |
![]() | Вчера | 3953 |
![]() | Оваа недела | 22311 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 48201 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20966210 |