gogo

A+ R A-


Со пари од Владата ќе се модернизира ООУ „Кочо Рацин“ во Кратово

Е-пошта Печати PDF

alt

пишува - Оливер Арсовски

Владата одлучи да почне проект за модернизација на дополнителни 16 училишта од кои шест средни и десет основни, за што обезбеди 3 милиони евра во соработка со Банката на Советот на Европа. Меѓу нив се најде и кратовското основно училиште „Кочо Рацин“.

- Финансиите се грант и се добиени како заслуга и како резултат на активноста на државата на полето и на инвестициите во образованието. Сите активности за реконструкција во 16. училишта ќе бидат завршени во 2013 година, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар. Ѓорѓиев.

Модернизацијата ќе опфати реконструкција на надворешноста и внатрешноста на училиштата, прозорци, кровови, подови, инсталации за греење, санитарни јазли, фасади. Шеснаесетте училишта се избрани врз основа на доставени проекти на јавен конкурс за кои стручни комисии процениле дека се потребни интервенции.

- Со овој проект за модернизација директно ќе се подобрат условите за учење на над 17 илјади ученици. Со него се опфатени училишта од различни региони, од општини со различна политичка припадност на градоначалникот и училишта каде што учат ученици од различни етнички заедници, што ја докажува посветеноста на Владата за инвестиции без никакви дистинкции, рече Ѓоргиев.

Договорот за обезбедување на грантот од Банката на Советот на Европа ќе биде потпишан до крајот на месецов. Потоа ќе следи постапка за избор на економски оператори за проектирање и за вршење градежни работи по што би започнала и физичката градба за модернизирање.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.