Во изложбениот салон на Музејот на Кратово, претседателот на Општинската организација на Сојузот на борци од Кратово, Миле Марковски, одржа историски час на кој говореше за ликот и делото на Св.Ѓорѓи Кратовски и Митко Пенџуклиски. Свои творби читаа и учениците од ОУ „кочо Рацин“ и СОУ „Митко Пенџуклиски“, посветени токму на светецот Ѓорѓи и на патронот на кратовската гимназија, Митко Пенџуклиски.
Во рамки на средбата со членовите на органиацијата, претседателот Марковски даде отчет за сработеното во претходната година, а ја изложи и програмата за оваа година. Тој изрази благодарност и до градоначалникот Мите Андоновски, кој секоја година финансиски го поддржува работењето на Сојузот на борците.
Сојузот на борци од Кратово даде отчет за сработеното и програма за оваа година
Најново
![]() | Денеска | 2569 |
![]() | Вчера | 1423 |
![]() | Оваа недела | 6047 |
![]() | Минатата недела | 21858 |
![]() | Овој месец | 2569 |
![]() | Минатиот месец | 151113 |
![]() | Вкупно | 21207618 |