gogo

A+ R A-


СОУ „Митко Пенџуклиски“ ќе отвори младински хостел

Е-пошта Печати PDF
Средното училиште „Митко Пенџуклиски“ започна реализацијата на уште еден проект во секторот угостителство и туризам. Проектот ,,Рурален туризам, нова перспектива во младинските мобилности" е IPA - CBC проект фунансиран од ЕУ со Република Србија. Партнери на нашето училиште се СШ ''Светозар Крстић-Тоза'' Вучје (Лесковaц) и Здружението ,,Limitless" од Белград, а целосно поддржани од Општина Кратово
Првата активност е креирање на бренд стратегија за Кратово како туристичка дестинација за рурален туризам насочен кон младите. Процесот ќе трае неколку месеци, а учесници се сите засегнати страни со туризам и угостителство од Кратово. Со целиот процес управуваат проф. д-р Горан Дашиќ и проф. д-р Александар Дејановииќ од MBS Fakultet од Белград.
Меѓудругото проектот предвивдува целосно опремување на младински хостел со соби за сместување, кујнски, ресторански дел, младински хаб, магацин за опрема за алтернативни форми на туризам (велосипеди, шатори, вреќи за спиење и др.). Дополнително, проектот опфаќа креирање на 5 дневен туристички аранжман за млади во Кратово, веб портал за промоција на туристичките компании и вредности на двете општини, обуки за професорите и учениците, апликација за туристички водич на отворено, меѓусебна размена на ученици и други помали проектни активности.
Членови на проектниот тим од нашето училиште се: проф. Младен Мицевски (координатор), проф. Драгана Андреева Јакимова и педагог Катерина Ковачевска.
alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.