Oпштинa Кратово се приклучи на националната акција за собирање отпад „Македонија без отпад 2012“.
Акцијата се одвиваше на неколку пунктови во Кратово и во населените места, а покрај собирањето на отпадот, беше органзирано и чистење на дивите депонии во населените места.
Акцијата, која е организирана од Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ и Министерството за животна средина и просторно планирање е дел од глобалниот еколошки ден „Да го направиме светот“. Целта на акцијата е помасовно и поорганизирано да се пристапи кон собирање на локалниот отпад и да се поттикнува граѓански активизам за справување со ѓубрето.