Едно лице загина, а четири други се повредени во вчерашната сообраќајна незгода што се случи кај селото Страцин во Општина Кратово.
Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи – Куманово, Живкица Чавдаревиќ, несреќата се случила попладнево, околу 15:50 часот кај селото Страцин, клучката кај местото „Чатал”, спој на регионалниот пат од Општина Кратово со магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка.
Чавдаревиќ посочи дека во незгодата дошло до директен судир помеѓу две патнички моторни возила, голф со регистарски ознаки од Општина Македонска Каменица и патничко моторно возило марка БМВ, со тетовски регистарски таблички.
– За жал, сообраќајната незгода заврши фатално за еден од патниците во возилата кои учествувале во незгодата, а четири лица се здобиле со телесни повреди и пружена им е потребната медицинска помош. МВР работи на утврдување на причините за несреќата, подетални информации ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден, рече Чавдаревиќ.
Страцин е „црна точка“, однесе уште еден живот во сообраќајна несреќа
Најново
![]() | Денеска | 1275 |
![]() | Вчера | 2509 |
![]() | Оваа недела | 16689 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 42579 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20960588 |