Според информациите добиени од Здравствениот дом во Кратово, кај едно лице од Кратово се дијагностицирани исти симптоми како кај заболените од свински грип. Пациентот е испратен на дополнителни испитувања на скопските клиники за да се следи понатамошниот развој на болеста.
Поради опасноста од ширење на сезонскиот грип и неговата поотпорна форма – Свинскиот грип и со оглед на моменталната состојба во Македонија со дијагностицирани случаи на оваа тешка болест, Центрите за јавно здравје и Министерството за Здравство со јавни препораки и апел да се запазат и зајакнат основните мерки на хигиена.
Посебен акцент се става на заштитата на една од најосетливите групи на граѓани – децата. Се преземаат интензивни мерки за заштита кои се состојат во целосна или делумна дезинфекција на работните површини, објектите и предметите кои доаѓаат во контакт и санитарните јазли во кои се поставени и антибактериски течни сапуни.