gogo

A+ R A-


Тајзи и Дани ја зовреа атмосферата на „Златни денови“

Е-пошта Печати PDF

altАмбиенталните звуци на групата „Монистра“ беа увертира во спектакуларната прва вечер на традиционалната музичка манифестација „Златни денови“, која по третпат се одржува во Кратово. Околу 2.000 љубители на музиката синоќа уживаа во мелодиите на „Пинковите ѕвездички“ Мите Стоилков и Трајче Ѓорѓиев, а постарите љубители на фолк-музиката се потсетија на македонските евергрини испеани од Миле Кузмановски, Ефто Пупиновски, Ани Малинкова, Круме Спасовски и многу други македонски фолк-ѕвезди. Атмосферата почна да зоврива кога на сцената се појави рок-пејачката Дани Димитровска, која со многу адреналин во настапот ја размрда помладата публика. Шлаг на вечерта беше настапот на Тајзи и Спејко, кои со препознатливите хитови „Пишано е“ и „Регетон“ ја кренаа забавата до максимум.
Првата вечер беше полн погодок, но сепак, вистинска еуфорија и наплив на гости се очекува вечерва, кога на сцената ќе се појават „Рибља чорба“ и Влатко Илиевски.
-Денешната програма ќе започне од 18 часот со Европскиот тамбурашки етно-фестивал, а потоа на сцената ќе настапат триото „Гранде“, ѕвездичките и ѕвездите на Пинк, Влатко Илиевски, за на крај шлагот на вечерта да биде Бора и „Рибља чорба“. Секако, забавата потоа ја преселуваме на базенот, до раните утрински часови. Неделата ни е резервирана за најмладите, за кои како изненадување ги резервираме „Златните славејчиња“ од 11 часот. Големиот број на музички имиња ветува незаборавни три дена во Кратово – вели организаторот Ристо Самарџиев. О.А.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.