gogo

A+ R A-


Успешна акцијата „Генералка викенд“, собрани десетици вреќи отпад во Кратово

Е-пошта Печати PDF
Големи количини на неразградлив отпад денеска беа подигнати од Старото градско подрачје, Карши бавча, Кеј на Кратовска река, спортските и детски терени, дворовите на образовните институции, во рамки на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“.
Се чистеа сокаците, депониите во с.Шлегово, с.Приковци и с.Туралево.
Во теренските активности за чистење беа вклучени Општина Кратово, ЈП „Кратово“, јавни институции Detska Gradinka Carka Andreevska, ООУ „Кочо Рацин“ - Кратово, Митко Пенџуклиски - Кратово (средно училиште), Музеј на град Кратово, Дом на култура, ТППЕ, ЦУК, Здружение на пензионери, советници од Совет на општина Кратово како и граѓани.
Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата.
alt
alt
alt
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.