gogo

A+ R A-


Успешна трибина за хендикепираните лица

Е-пошта Печати PDF

пишува - Кристина Ивановска и Ивана Коцевскаalt

Во Петокот на 09.03.2012 во 18:30h се одржа трибината „Хендикепот не е пречка за нормален живот“ во просториите на Домот на културата на град Кратово. Дејан Зафиров (лице со хендикеп кое стана познато по велосипедските тури низ целиот свет) го сподели своето искуство пред поголема група на луѓе од различни возрасти. Тој зборуваше за својот живот пред и по несреќата во која ја загубил левата нога. Тој го прифатил фактот дека од здрав човек станал лице со хендикеп и дека и покрај се можно е да се исполнат сите соништа и цели кои сме си ги поставиле. Сега, Дејан е посветен во помагање на лицата со различен хендикеп и организира кампови каде што тие се дружат, забавуваат и ги споделуваат своите искуства. Во текот на трибината родителите на лицата со хендикеп имаа можност да разговараат со Дејан и да го прашаат нешто повеќе за проблемите со кои тие се соочуваат. Потоа беше прикажан документарниот филм „Голем Македонец“ кој го следи патувањето на Дејан до Ница, Франција со велосипед. По завршувањето, младите активисти од СОУ„Митко Пенџуклиски“ заедно со дел од лицата со хендикеп ја продолжија дружбата во кафе бар „Талисман“. Во Саботата на 10.03.2012 во 14:00 h повторно се прикажуваше филмот, а собраните средства ќе бидат наменети за добротворни цели во рамките на проектот .

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.